Достапни линкови

logo-print

Обама потврди дека е убиен американскиот амбасадор во Либија


Зградата на конзулатот во Бенгази.

Зградата на конзулатот во Бенгази.

Американскиот претседател Барак Обама потврди дека американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, е убиен во нападот на зградата на конзулатот во Бенгази. Обама соопшти и дека тројца други Американци, исто така, се убиени. Вооружени лица го нападнаа конзулат доцна синоќа со домашно изработени бомби и со гранати, ја ограбиле зградата, пред да ја запалат. Насилството е одговор на филмoт, за кој демонстрантите велат дека го навредува пророкот Мухамед.
XS
SM
MD
LG