Достапни линкови

Акција „Кукла“ против најголемата злосторничка организација во БиХ


Акцијата „Кукла“ во која Агенцијата за истрага и заштита на Босна и Херцеговина уапси 25 луѓе, е акција против најголемата злосторничка организација во БиХ, изјави директорот на Агенцијата Горан Зубац. Организацијата е обвинета за бројни убиства, заговори за убиства и трговија со дрога. Организацијата е одговорна за подготовка на убиството и на еден полицаец кој истражувал злосторства на членови на групата. Зубац вели дека акцијата ќе трае долго време и дека ќе продолжи потрагата и по други членови на групата.
XS
SM
MD
LG