Достапни линкови

Ставрески- задолжницата стана реалност


Зоран Ставрески, министер за финансии.

Зоран Ставрески, министер за финансии.

Десетина дена по воведувањето на новиот инструмент -задолжница, издадени се првите во износ од 24 милиони денари. Очекувањата на Владата, според сегашниот интерес на компаниите, е дека тој ќе заживее и ќе биде користен од бизнис заедницата, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, на тој начин задолжницата станува реалност во Македонија, како уште еден квалитетен, сигурен и брз инструмент за обезбедување на плаќањата кои во суштина ги штити пред се доверителите, но е добар и за должниците.

Министерот истакна дека задолжницата е дизајнирана на барање на бизнис заедницата и е во корист на стопанствениците, бидејќи овозможува сигурност на наплатата и овозможува едноставност на наплатата.
XS
SM
MD
LG