Достапни линкови

Светските сили загрижени за нуклеарната програма на Иран


Светските сили на состанокот во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија претставија нацрт-резолуција во која се изразува „сериозна загриженост“ во врска со проширената програма за збогатување на ураниум на Иран. Делегатите на состанокот на МААЕ во Виена се очекува утре да разговараат за нацрт-резолуцијата и да гласаат за неа. Предлогот го презентираа Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД. Со резолуцијата се повикува Иран да ги усогласи во целост и без одлагање сите свои обврски според соодветните резолуции на Советот за безбедност. Советот за безбедност бара Иран да запре со сите активности за збогатување на ураниум, како и тоа да им се овозможи непречен влез на инспекторите на МААЕ во нуклеарните постројки.
XS
SM
MD
LG