Достапни линкови

Голем пораст на европските акции и еврото


Европските акции и еврото забележаа пораст по денешната позитивна одлуката на Германскиот Уставен Суд за вклучување на Германија во Европскиот Стабилизационен Механизам кој значи постојан фонд за помош од 700 милијарди евра.
На оваа одлука на Германскиот Суд се гледаше како на клучна во борбата за спас на еврозоната.
Еврото денеска посигна 4 месечен рекорд во однос на доларот и се продаваше за 1,2901, а европските берзи пораснаа за 0,14 проценти и се на највиско ниво во изминативе 14 месеци
XS
SM
MD
LG