Достапни линкови

logo-print

Во Брисел средба на Бесими и Попоски со Расмунсен


Андерс Фог Расмунсен

Андерс Фог Расмунсен

Министерот за одбрана, Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Брисел ќе се состанат со Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Министрите Бесими и Попоски во седиштето на НАТО ќе учествуваат и на состанокот на Северноатлантскиот совет со Република Македонија на кој ќе се дискутира ќе се дискутира за Извештајот на НАТО за напредокот на Македонија во рамки на 13-от циклус на Акциониот план за членство.
По повод јубилејот „20 години од формирањето на АРМ“, министерот Фатмир Бесими денеска во Брисел ќе биде домаќин на свечен прием на сите амбасадори на земјите членки на НАТО и од земјите партнери и високи претставници од командата на НАТО. На свеченоста пред високиот дипломатски и воен кор од НАТО во Брисел денеска ќе биде промовирана новата Бела книга на одбраната на Република Македонија во која се презентирани досегашните успеси и постигнати резултати во реформите во одбраната и визијата за развојот на одбраната на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG