Достапни линкови

Атина и вети на ЕЦБ дека ќе продолжи со реформите


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчката Влада е решена да ги испочитува ангажманите и да го забрза заздравувањето на економијата, изјави денеска грчкиот премиер Андонис Самарас на средба во Франкфурт со претседателот на Европската централна банка Марио Драги.
Самарас ја изразил поддршката на Атина за иницијативите на ЕЦБ, за да може централната банка на еврозоната „да создаде стабилност во монетарната унија, да најде излез од должничката криза“.
Според Самарас, денешната средба е првиот чекор кон потесна соработка со Европската централна банка.
Во соопштение на ЕЦБ се истакнува дека „двете земји се согласиле дека Грција веќе направила сериозни чекори во насока на економска стабилизација и модернизација, но пред неа стојат уште големи предизвици“.
XS
SM
MD
LG