Достапни линкови

Египет - обвинет поранешниот премиер Шафик


Ахмед Шафик.

Ахмед Шафик.

Египетскиот суд одлучи да поведе обвинение за корупција против Ахмед Шафик, кој беше последниот премиер за времето на Хосни Мубарак и претседателски кандидат на последните избори. Властите соопштија дека обвиненијата се поврзани со времето кога Шафик бил претседател на Агенцијата за домување во 90-тите години, тогаш тој , продавал парцели државно земјиште за ниска цена на синовите на соборениот претседател Мубарак. Шафик живее во Обединетите Арапски Емирати, откако изгуби на јунските претседателски избори од Мухамед Морси. Тој во неколку наврати ги негираше обвинувањата за корумпираност и рече дека тие се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG