Достапни линкови

САД им одаде почит на жртвите од 11/9


Стотици луѓе денеска им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот напад на 11 септември 2001 во САД. Комеморации се одржаа во Светскиот трговски центар во Њујорк, во Пентагон и во Пенсилванија. На денешен ден пред 11 години загинаа речиси 3.000 луѓе.
Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама со едноминутно молчење им одадоа почит на жртвите.
Во новиот Светски трговски центар беа прочитани имињата на жртвите и одржано едноминутно молчење точно во 08:46 по американско време, во времето кога првиот од четирите авиони киднапирани од терористи ја погоди Северната кула од Светскиот трговски центар.
XS
SM
MD
LG