Достапни линкови

Докторот кој го откри бин Ладен, малтретиран во притвор


Шакил Африди .

Шакил Африди .

Пакистанскиот доктор кој и помогнал на ЦИА во потрагата по Осама бин Ладен, вели дека бил малтретиран во притвор. Во неговото прво интервју по апсењето минатото лето, Шакил Африди изјави дека во затворот во Пешавар го мачеле, му нанесувале изгореници со цигара и електрични шокови. Африди вели дека луѓето што го мачеле биле од разузнавачката служба и дека тие ги сметаат САД за свој најлош непријател и го мачеле затоа што им помогнал да го фатат бин Ладен. Африди тврди дека тој бил свесен за неговата улога во убиството на лидерот на Ал Каеда. Во мај, Африди беше осуден на казна затвор од 33 години за финансирање и поддршка на милитантна група.
XS
SM
MD
LG