Достапни линкови

ЕП бара да се најдат одговорните за грабнувањето на Калед ел Масри


На годишнината од терористичките напади во САД, Европскиот парламент во името на почитувањето на основните човекови права, побара европските земји членки на ЕУ да ги расветлат сомневањата за илегалните активности на ЦИА на европска територија.
Во резолуцијата има и една точка директно посветена на Македонија, во која таа се повикува да утврди кои се лицата одговорни за грабнувањето на Калед ел Масри и да ги принуди истите да одговараат за нивните дела.
Европскиот парламент жали и за отсуството на акција од страна на јавното обвинителство во Скопје, околу жалбата на Ел Масри. Европратениците сметаат дека овој случај треба да се најде и на дневниот ред на Европската комисија, директно поврзани со кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија.
XS
SM
MD
LG