Достапни линкови

Спорните табли во Чаир да се остранат до 16 септември


Државниот просветен инспекторат информира дека до 16 септември е рокот до кога треба да бидат отстранети неправилностите во четирите основни училишта во Општина Чаир и дека по истекот на рокот ќе изврши контрола. Врз основа на контролниот инспекциски надзор ќе се преземат мерки согласно со законот, соопштуваат од Инспекторатот.
Четирите основни училишта ја почнаа новата учебна година со променети имиња на основните „Јане Сандански“, „Рајко Жинзифов“, „Никола Вапцаров“ и „Цветан Димов“ во „Јашар-бег“, „Исмаил Ќемали“, „Имри Елези“ и „Хасан Приштина“.
Општина Чаир доставила барање до МОН за преименување, но од министерството не добила одобрение за измени на статутот на училиштето.
XS
SM
MD
LG