Достапни линкови

logo-print

ОН загрижени поради зачестените напади врз имигранти во Грција


Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај.

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај.

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај изрази загриженост поради зачестените напади врз имигранти во Грција , јавија грчките медиуми.
Пилај изјави дека нападите врз странци во Грција се дел од тенденцијата во целиот свет, која се поврзува со економската криза.
Слични инциденти се регистрирани во земји како Шведска, Израел и Јужна Африка.
Полицијата често не е способна да ги спречи тие напади, рече Пилај.
„Ја разбирам тешката економска ситуација во многу земји, но имигрантите, независно од нивниот статус, го имаат правото да бидат почитувани нивните човекови права“, изјави високиот комесар.
Во изминатите денови во Грција повторно имаше инциденти со имигранти.
Во петокот и саботата пратеници од крајнодесничарската „Златна зора“ направија самоиницијативни проверки на дивите пазарџии и ги уништија нивните тезги.
XS
SM
MD
LG