Достапни линкови

Шојбле- Грција треба да ги исполни сите обврски


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави денеска пред германскиот Парламент дека Грција направила „значителни напори“ за намалување на буџетскиот дефицит.
Шојбле истакна дека следниот извештај на меѓународната „тројка“ претставници од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската унија ќе покаже дали и во колкава мерка се спроведени структурните реформи.
„Јасно е дека сите обврски треба да бидат исполнети. Ако тоа не се случи ќе доведе до уште едно губење на довербата и се поголема опасност од ширење на кризата во еврозоната. Поради овие причини не може да има нови преговори со Атина“, рече Шојбле.
XS
SM
MD
LG