Достапни линкови

Се проверува избирачкиот список


Работната група за проверка на избирачкиот список очекува до крајот на годинава стотици илјади граѓани да останат со стари документи. Претседателот на Работната група Бедредин Ибраими рече дека почнувајќи од јануари до сега бројката се намалува и се стигнало до бројка од 121 илјади кои се во државата, и околу 33 илјади македонски државјани кои се надвор од државата. По негова претпоставка оваа бројка би можела да се намали и да се дојде до 70 илјади граѓани кои ќе останат со стари документи.
Членот на Работната група Јани Макрадули смета дека до крајот на 2012 година, околу 100 илјади граѓани ќе останат со стари документи, што според него е сериозна бројка.
Работната група пронашла и вкупно 1.130 починати луѓе кои биле запишани во матичните книги, а неевидентирани во системот на МВР. Повеќе од илјада имале несофпаѓање на податоците со матичната книга.
XS
SM
MD
LG