Достапни линкови

logo-print

Таџикистан - осудени 15 членови на забранета исламистичка група


Врховниот суд во Таџикистан денeска осуди 15 членови на забранетата исламистичка група „ Џамаат Ансарула“.Судењето се водеше зад затворени врати. Дванаесет луѓе се осудени на затворски казни меѓу 5 и 24 години, еден обвинет доби две години условна казна, додека за двајца од нив нема информации за казните. Ова е прво судење против членови на групата откако беше забранета во мај. Повеќето од обвинетите беа уапсени за време на анти-терористички операции во источниот дел на Таџикистан минатата година, а некои беа уапсени во Пакистан. „Џамаат Ансарула“минатата година издаде неколку видеа повикувајќи ги граѓаните на Таџикистан да се борат против „неверниците“.
XS
SM
MD
LG