Достапни линкови

logo-print

Штрајкови за старт на учебната година во Грција


Протести во Грција.

Протести во Грција.

Грчките наставници во основните училишта за утре најавија штрајкови. Тие ќе бидат поддржани три часа од колегите во гимназиите.
Причината за незадоволството на грчките просветни работници е намалувањето на работните места во образованието и скратувањето на нивните плати.
Грчкиот министер за образование ги повика наставниците да го остават настрана своето разочарување и да помислат на потребите на 1,5 милиони ученици.
Професорите од приватните училишта, исто така, ќе штрајкуваат утре поради владината одлука да ја усогласи висината на нивните плати со оние на државните службеници, што ќе значи 40-процентно намалување на нивните приходи.
XS
SM
MD
LG