Достапни линкови

logo-print

Бесими - треба да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина


Министерот Бесими во Слупчане.

Министерот Бесими во Слупчане.

Јас не се амнестирам, но мојот став го кажав во однос на настанот во Слупчане и мислам дека поентата од целиот случај е дека ние меѓусебе треба да се почитуваме и да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина.
Вака министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите по нивно барање го образложи настанот во Слупчане.

„Длабоко верувам во тоа што го кажувам. Долго време сум во државни институции и досега не сум имал ниту една изјава етнички базирана“, рече Бесими, додавајќи оти дневнополитички можеби тоа звучи идеализирано, но тоа е Македонија, потенцира, во која верувам и во која може да успееме.

Тој е дециден дека Министерството за одбрана останува на веќе даденото соопштение дека нема покренато никакви дисциплински постапки против четворицата припадници на АРМ кои го придружуваа во Слупчане, но доколку има иницијативи тие ќе бидат разгледани, иако, смета, не се прекршени содветните процедури.

На прашањето каде се разидуваат со заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев кој соопшти дека ќе се покренат дисциплински постапки, Бесими одговори дека во сите изјави и соопштенија се презентира ставот на Министерството, а не се коментира.
XS
SM
MD
LG