Достапни линкови

logo-print

УНХЦР- повеќе од 250 илјади луѓе ја напуштиле Сирија


Сириски бегалци во Јордан.

Сириски бегалци во Јордан.

Бројот на бегaлци од Сирија надмина 250 илјади луѓе, соопшти високиот комесар за човекови права на ОН. Од УНХЦР соопштуваат дека се регистрирани точно 253.106 бегалци. Од нив повеќе од 85 илјади се во Јордан, а уште 35 илјади чекаат да бидат регистрирани. Во посета на бегалците во Јордан се наоѓа шефот на УНХЦР Антонио Гутерас и специјалниот пратеник Анџелина Џоли. Тие денеска треба да ги посетат камповите за бегалци и да се состанат со јорданскиот крал Абдула Втори и со други јордански власти.
XS
SM
MD
LG