Достапни линкови

За чаирските училишта треба политичко решение


Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.
Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.

Поранешните министри за образование Сулејман Рушити и Ненад Новковски на бесправното преименување на чаирските училишта гледаат како на политички проблем, кој треба да се решава со политички средства.

Државниот просветен инспекторат ќе чека да помине временскиот рок од осум дена кој истекува денеска и потоа ќе изврши надзор што се случило во училиштата во Чаир од кои побара да ги вратат старите имиња, рекоа од оваа институција од која претходно ваквата одлука беше донесена поради, како што образложија, недозволено интервенирање во статутот на училиштата со кој се регулира и прашањето на имињата, а за кој согласност дава Министерството за образование и наука.
Сметам дека сè што ќе се преземе директно за тргање на таблите или некој друг акт уште повеќе ќе ги подгрее страстите.
Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.

Поранешните министри за образование Сулејман Рушити и Ненад Новковски на прашањето гледаат, не како на исклучива надлежност на Министерството за образование, туку на политиката која што зад тоа се одвива. Па таму го гледаат и решението. Одлуките се политички и тука не помагаат административни решенија, вели Рушити.

„Односно директорот сега да спроведе некакво административно решение, затоа што директорот нема тоа да го направи. Затоа сметам дека сè што ќе се преземе директно за тргање на таблите или некој друг акт уште повеќе ќе ги подгрее страстите.“
Клучно е дека работите излегуваат од контрола на системот на државата и тоа треба да ја загрижи власта. Значи онаа констатација дека сè функционира во вистински ред е неточна. Не функционира, државата не функционира, едноставно работите не треба така да се одвиваат.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Во сето ова Рушити само гледа уште една најава на предвремени парламентарни избори по кои, како што додава, ќе се решаваат наталожените проблеми од меѓуетнички карактер кои тргнуваат од коалиционите партнери во Владата.

За поранешниот министер за образование, Ненад Новковски е очигледно дека во целиот случај е прескокната законската постапка.

„Клучно е дека работите излегуваат од контрола на системот на државата и тоа треба да ја загрижи власта. Значи онаа констатација дека сè функционира во вистински ред е неточна. Не функционира, државата не функционира, едноставно работите не треба така да се одвиваат.“

Новковски чинот на промената на имињата во четирите чаирски училишта го смета за чин кој го прекршува и рамковсниот договор како документ кој симболично означува крај на нелегалните средства за остварување права. Државниот просветен иснпекторат најави прекршочни пријави за директорите на училиштата доколку не биде испочитуван рокот за симнување на таблите со новите имиња на училиштата. Казните изнесуваат по 2.000 евра за правниот субјект и по 500 до 800 за одговорните лица. Засега нема најави од ниту еден од директорите дека ќе бидат симнати таблите по цена и казните да се платат.
XS
SM
MD
LG