Достапни линкови

Еден загинат при бомбашки напад пред полициска станица во Истанбул


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во екслозијата пред полициската станица во Истанбул, еден полицаец загина, а уште пет други се повредени. Бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе во дворот на полициска станица во северното истанбулско предградие Султангази.
Турските медиуми јавуваат дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем, бидејќи повредените се наоѓаат во критична состојба.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но медиумите претпоставуваат дека тој нејверојатно е дело на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), иако не ја исклучуваат можноста зад нападот да стои и некоја екстремно левичарска или радикална исламистичка организација.
XS
SM
MD
LG