Достапни линкови

Турција нема да го екстрадира Хашеми во Ирак


Тарек ал Хашеми,.

Тарек ал Хашеми,.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара нема да го екстрадира заменик претседателот на Ирак, Тарек ал Хашеми, кој е во бегство. Тој во својата земја се соочува со смртна казна. Ердоган изјави дека Турција нема да го предаде и ќе биде домаќин на Хашеми се додека тој сака. Ирачкиoт суд во неделата го осуди Хашеми на смртна казна со бесење. Ирачките власти бараат тој да биде екстрадиран. Хашеми тврди дека обвиненијата и казната се политички мотивирани. Тој побегна во Турција претходно оваа година. Хашеми, кој е сунитски муслиман, исто така, вели дека случајот против него е одмазда од шиитската владa.
XS
SM
MD
LG