Достапни линкови

Мехамизмите за спас на евро-зоната под прашалник


Претседателот на германскиот Уставен суд, Андреас Воскул

Претседателот на германскиот Уставен суд, Андреас Воскул

Германскиот Уставен суд ги одби барањата да ја одложи одлуката во врска со мерките за излез од финансиската криза во евро-зоната. Уставниот суд соопшти дека утре ќе ја соопшти одлуката за тоа дали Европскиот механизам за стабилност и фискална дисциплина, кои треба да важат за сите земји членки на Европската Унија, се во спротивност со Уставот на Германија. Доколку германскиот Уставен суд завземе став дека со механизмите се повредува уставот, тоа ќе значи одлагање на новата програма на Европската централна банка во врска со помошта на земјите во криза како Шпанија и Италија.
XS
SM
MD
LG