Достапни линкови

Британија - Отпуштени бидејќи биле христијани


Илустрација: Христијански и муслимански верски објект.

Илустрација: Христијански и муслимански верски објект.

Четворица британски христијани кои велат дека ги загубиле работните места поради нивните христијански убедувања деновиве поднесоа тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Пресудата се очекува за неколку месеци.

Четворица британски граѓани тврдат дека претрпеле дискриминација како резултат на нивните христијански вредности. Во еден од случајите, Надја Евеида во 2006 година била испратена дома без плата од компанијата „Бритиш ервејс“ поради одбивањето да го отстрани малиот сребрен крст од вратот со што, како што и било кажано, го прекршила кодексот на облекување на таа фирма. Нејзиниот адвокат во судот во Стразбур изјави дека таа работела заедно со колеги на кои им било дозволено да носат верски симболи: турбан, муслиманска марама или еврејско капче.

Во еден претходен случај, судот пресуди дека француско училиште може на муслиманските ученички да им ги отстранува нивните шамии за време на часовите по фискултура и тоа од безбедносни причини. Во друг случај, се покажа дека едно италијанско државно училиште не ги крши правата на верската слобода или образование со прикажување распетија во училниците.
Медицинската сестра Ширли Чаплин исто така, била отпуштена откако го одбила налогот на нејзините работодавци да го извади малиот крст околу вратот. Во болницата велат дека наредбата била издадена заради здравстевни причини, односно дека крстот би можело да ја повреди доколку некој од пациентите го повлече нејзиниот ѓердан.

Во двата случаи, британски суд ги отфрли нивните тврдења за верска дискриминација. Пресудата била образложена со тоа дека носењето крст не значи и дека некој е христијанин. Европскиот суд за човекови права во минатото им даде значителна слобода на земјите членки во нивното регулирање на носењето религиозна облека, особено исламска и прикажувањето верски симболи во јавноста.

Во еден претходен случај, судот пресуди дека француско училиште може на муслиманските ученички да им ги отстранува нивните шамии за време на часовите по фискултура и тоа од безбедносни причини. Во друг случај, се покажа дека едно италијанско државно училиште не ги крши правата на верската слобода или образование со прикажување распетија во училниците.

Инаку, во другите два британски случаи кои беа поднесени во судот во Стразбур се наведува дека тие како христијани ги загубиле нивните работни места, бидејќи веруваат оти хомосексуалните врски се во спротивност со Божјиот закон, а им се бранело да ја осудуваат хомосексуалноста.

Матичарката Лилијан Ладел била отпуштена откако одбила да регистрира во граѓанско партнерство две девојки. Терапевтот Гери Мекферлејн, пак, бил отпуштен поради тоа што одбил да им даде совети на двојки од ист пол.

Британската влада ги доби овие случаи, тврдејќи дека изразувањето на вероисповеста не е право без граници и оти работодавачите не можат да бидат принудени да се приспособуваат на религиозните верувања на вработените. На одлуките на судот во Стразбур не може да се поднесува жалба и земји кои се потписнички треба да се усогласат со нив или им се заканува исклучување од Советот на Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG