Достапни линкови

Писмо на Иванов до Обама по повод 11-ти септември


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов испратил писмо до американскиот претседател Барак Обама по повод 11 годишнината од терористичките напади врз САД, во кое изразува жалење за големите човечки загуби. Иванов нагласува дека Република Македонија, како верен и докажан пријател и партнер на САД, ќе продолжи да ги подржува американските напори за одбрана на слободата, демократијата и човековите права. Тој додава дека 11 години по терористичките напади, слободниот свет, одбивајки да живее во страв од злото, создаде единствен фронт во борбата против меѓународниот тероризам.
XS
SM
MD
LG