Достапни линкови

Активни 14 пожари во Македонија


Пожар во месноста Гроот во Велес.

Пожар во месноста Гроот во Велес.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во Македонија вчера биле регистрирани 14 активни пожари. Повторно е активен пожарот во националниот парк „Јасен“, а нови пожари има во општина Липково кај селото Гошинце и кај селото Никуштак. Активни пожари има и во општина Прилеп кај место викано Брест, во општина Македонски Брод кај селото Грешница, потоа кај селото Крапа во подножје на Даутица како и пожарот кај селото Волче во истата општина.
Регистрирани се пожари и во општина Сарај кај селото Арнакија, во општина Куманово кај селото Стрима, во Велес кај селото Подлес и кај селото С’лп, во општина Дебар кај селото Баниште кај место викано Дебарски бањи, во општина Делчево кај село Драмче на место викано Ваканица и во општина Прилеп кај селото Манастир на место викано Еленик, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG