Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза-сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, како и со слаб до умерен ветер претежно од променлив правец, а во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот, особено повеќе врнежите и нестабилноста се очекува да бидат застапени во западните делови на земјава. Утринската температура ќе се движи од пет до 15, а дневната од 25 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови локално е можен краткотраен дожд со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени. Поголемо зголемување на облачноста проследено со пообилни врнежи од дожд и грмежи и опаѓање на температурата се очекува од четврток, особено кон крајот на денот.
XS
SM
MD
LG