Достапни линкови

logo-print

Меѓународната заедница треба да oстане на Косово


Меѓународната заедница треба да го задржи присуството во Косово во целосен обем, за да биде спречено неказнетото насилство врз Србите што живеат таму, се вели во соопштение на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија.
Српската канцеларија истакнува дека за Србите и контролираната и неконтролираната независност означуваат само „продолжение на насилството и беззаконието, недостигот на слобода на движење и погазување на човековите права“.
Во соопштението се потсетува дека со своето присуство на Косово, меѓународната заедница го презеде задолжението за воведување на законот, враќање на бегалците, истрага на злосторствата против малцинствата, враќање на одземениот имот на Србите.
XS
SM
MD
LG