Достапни линкови

logo-print

Слаб напредок во разговорите меѓу Атина и „тројката“


Грчкиот премиер Андонис Самарас се сретна денеска со претставниците на меѓународните кредитори од Европската комисија, Европската централна банка и од Меѓународниот монетарен фонд во обид да ги убеди во сериозните намери за реализирање на ветувања за економска стабилизација на државата.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави по средбата дека „разговорите биле тешки“.
Кредиторите не ја прифаќаат прогнозата за приходи во буџетот од владината кампања за борба со неплаќањето даноци. Тие исто така бараат и намалување на вработените - 150.000 до 2015 година, нешто што го избегнуваат партиите во владината коалиција.
Западните медиуми јавуваат за слаб напредок во преговорите. Целиот пакет економски мерки се уште не е одобрен од партнерите на Самарас во коалициската Влада.
Пакетот предвидува вкупно 7,3 милијарди евра од намалување на пензии, плати на државни службеници, социјална помош како и дополнителни 4,3 милијарди евра од економски мерки за штедење во здравството, образованието, одбраната, локалната администрација, комуналните служби и администрацијата.
XS
SM
MD
LG