Достапни линкови

Шлумберже назначен за шеф на Мисијата на ОБСЕ во Косово


 Жан Клод Шлумберже.

Жан Клод Шлумберже.

Францускиот амбасадор во Македонија Жан-Клод Шлумберже е назначен за шеф на ОБСЕ во Косово.
Мисијата на ОБСЕ во Косово е една од најголемите мисии на оваа Организација и таа делува во рамките на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во неа работат 667 луѓе со вкупен буџет од 22 милиони евра.
Мисијата на ОБСЕ во Косово има за цел воспоставување на апарат за јавна безбедност, како и придружување на демократизацијата на институциите и фаворизирање на почитувањето на човековите права од централните и локалните власти, како и на лицата кои им припаѓаат на малцинските заедници.

Француските власти ќе му ја дадат сета своја поддршка на Шлумберже во извршувањето на Мисијата, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG