Достапни линкови

Расмунсен -НАТО нема да ги повлекува трупите од Косово


 Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен изјави денеска дека Алијансата не планира да го намали бројот на војници на Косово по затворањето на Меѓународната цивилна канцеларија.

„Нашата стратегија не се менува и бројот на нашите војници на Косово ќе остане непроменет“, изјави Расмунсен на прес конференција.
Затворањето на мисијата се толкува како крај на надгледуваната, а почеток на целосна независност на Косово и во Приштина денеска се одбележува со низа манифестации. На Косово ќе остане КФОР како и европската мисија Еулекс чиј мандат неодамна беше продолжен за уште две години
XS
SM
MD
LG