Достапни линкови

Рикер - САД ќе бидат горд партнер на Приштина


Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер денеска по повод завршувањето на надгледуваната независност на Косово, изјави дека САД ќе бидат „горд партнер“ на Приштина во нејзините први чекори како целосно независна држава.
Според Рикер. Србија и Косово имаат иднина во европската интеграција, истакнувајќи ја при тоа потребата од продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Рикер нагласи дека САД ќе продолжат да даваат сестрана поддршка на дијалогот и дека тоа ќе биде тема на разговорите во Брисел по посетата на Приштина.
Американскиот дипломат истакна дека завршувањето на набљудувањето не е крај на очекувањата и помошта од САД и изрази надеж дека Косово ќе се концентрира на нови тешки реформи и ќе продолжи со развој на демократијата.
Косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека денеска е историски ден за Косово и се заблагодари особено на САД за поддршката укажана досега.
Истовремено, косовскиот премиер нагласи дека Приштина ќе се стреми кон добри односи со сите соседи, вклучително и со Србија.
XS
SM
MD
LG