Достапни линкови

Кетрин Денев - ексклузивна гостинка на Браќа Манаки


Актерката Кетрин Денев.

Актерката Кетрин Денев.

Врвната француска и интернационална актерка со импозантни 114 филмски улоги и со убавина која ги освојува љубителите на седмата уметност од сите континенти, Кетрин Денев е добитничка на специјалната награда за исклучителен придонес во филмската уметност „Златна камера 300“ и ексклузивна гостинка на 33-то издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што од 15 до 21 септември ќе се одржи во Битола. Наградата ќе и биде врачена на церемонијата на свеченото отворање на манифестацијата.

Слободно можеме да ја наречеме легенда на светската кинематографија. Дива. Икона на европското кино. Инспирација на многумина. Една и единствена. После Викторија Абрил, после Дерил Хана, Мики Манојловиќ, годинашната добитничка на Специјалната награда „Златна камера 300“ е Кетрин Денев.

Слободно можеме да ја наречеме легенда на светската кинематографија. Дива. Икона на европското кино. Инспирација на многумина. Една и единствена. После Викторија Абрил, после Дерил Хана, Мики Манојловиќ, годинашната добитничка на Специјалната награда „Златна камера 300“ е Кетрин Денев.
Вака, видно возбудена, Лабина Митевска, директорката на Фестивалот „Браќа Манаки“, ја почна средбата со новинарите на која организаторите со гордост соопштија дека за првпат во историјата на манифестацијата и воопшто во Република Македонија носат едно толку големо име, ненадминат бисер на светската кинематографија.
Актерката Кетрин Денев.

Актерката Кетрин Денев.


Сите нејзини барања се толку симпатични, толку човечки пред сè, така што се надевам кога ќе дојде ќе биде онаква каква што сум ја замислувала: дама со внатрешни топли особини. Впрочем како што самата вели – Чекам во редица за билет кога одам во кино во Париз. Одам со моите пријатели на вечера, а кога ми одговара сум филмска дива и тогаш сум незгодна. Се надевам дека нема да биде таква во Македонија.
Родена на 22 октомври 1943 година во Париз како Кетрин Фабиен Дорлеак, таа својата препознатливост ја стекнува со улогите на загадочни и мистериозни убавици во филмовите „Одвратност“ на Роман Полански и „Убавицата на денот“ на Луис Буњуел. Исклучителната надворешна впечатливост ја надополнува со маестралните ролји во филмовите и на други големи режисерски имиња како Франсоа Озон („8 жени, украс“), Режис Варние( „Исток/Запад“), Франсоа Трифо(„Последното метро“), Роже Вадим („Порок и доблест“), Роберт Одрич(„Измама“), Жан-Пол Рапно(„Дивјак“), Ларс фон Трир(„Танчер во мракот“) и други, а наскоро ќе се појави и во четвртиот дел од серијалот „Астерикс и Обеликс“.

Веројатно најпопуларната француска актерка на сите времиња, освен во бројните европски филмови, играла и во холивудските проекти од кои најпознат е класикот „Глад“ на Тони Скот од 1983 година, во кој глуми заедно со Дејвид Боуви и Сузан Сарандон.

Дивата што мнозина ја врзуваат и за дела како „Шербурски чадори“ на Жак Деми и „Лифт за губилиште“ на Луј Мал во својата кариера со импозантни 114 улоги има бројни европски филмски награди, а во 1993 година за „Индокина“ на Варние беше номинирана за Оскар.

Кетрин Денев во 70-те на минатиот век беше заштитно лице за парфемот Шанел 5 по што американските новинари фасцинирани од нејзиниот шарм ја прогласија за најелегантна жена на светот, му беше муза на модниот дизајнер Ив Сен Лорен, а во 2005 година го публикуваше дневникот „Во сопствената сенка“, каде ги опиша искуствата од снимањата со глумци како Берт Рејнолдс, Џек Лемон, Ален Делон, Џон Малкович, Марчело Мастројани, Жерар Депардје и други.

Глумицата го привлекува вниманието на јавноста и со многу други активности. Таа е хуманитарка која низ години е активна во заштитата на децата и сирачињата, силно го поддржа проектот „Репортери без граници“, а од 1994 до 2003 беше амбасадор на УНЕСКО за зачувување на филмското наследство.

Денев во Република Македонија ќе престојува четири дена. На 16 септември ќе има едночасовна отворена средба со заинтересираните филмофили и новинари, истиот ден во нејзина чест ќе биде прикажан филмот „Последното метро“ за кој ја има освоено наградата „Цезар“, а сем во Битола планирано е и да го посети и да ги разгледа знаменитостите на древниот Охрид.

„Сите нејзини барања се толку симпатични, толку човечки пред сè, така што се надевам кога ќе дојде ќе биде онаква каква што сум ја замислувала: дама со внатрешни топли особини. Впрочем како што самата вели – Чекам во редица за билет кога одам во кино во Париз. Одам со моите пријатели на вечера, а кога ми одговара сум филмска дива и тогаш сум незгодна. Се надевам дека нема да биде таква во Македонија“, заклучува Митевска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG