Достапни линкови

Петров: Не сме разговарале за учество во Влада во која премиер ќе даде ДУИ


СДСМ со ДУИ не разговарала, ниту пак за такви работи воопшто станало збор. Нашиот став e јасeн, СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде ДУИ, рече на денешната прес - конференција секретарот на партијата Андреј Петров. Петров, меѓу другото оцени дека ситуацијата е пресериозна и коалиционите партнери во Владата имаат обврска да излезат со одговор дали имаат план и заедничка волја да ја надминат кризата. Тој смета дека однесувањето на партнерите во власта во последниот период го урива угледот на државата, ги продлабочува тензиите во македонското општество и во ситуација на голема политичка и економска криза ги прави граѓаните заложници на политичките каприци на партиите во власта.
XS
SM
MD
LG