Достапни линкови

Продолжен притворот на индискиот карикатурист


Судот во Мумбаи денеска му го продолжи притворот на карикатурист Асем Триведи кој бешe уапсен затоа што со својата работа ја измејувал корупцијата во владата. Притворот му е продолжен до 24 септември. Неговиот адвокат бара обвиненијата против него да се отфрлат. Триведи беше уапсен за тоа што ги прекршил законите за информатичката технологија и ги навредил националното знаме и Уставот на Индија. Во своите карикатура, тој го прикажа индискиот парламент како гигантска тоалетната школка, а единствениот преживеан напаѓач од нападот во Мумбаи во 2008, како уринира на индискиот устав. Активистите во Индија бараат ослободување на уметникот.
XS
SM
MD
LG