Достапни линкови

ДУИ против владините предлози во Собранието


ДУИ денеска го започна собранискиот бојкот, гласаше против предлог законите на Владата и против точките од дневниот ред на собранието.

ДУИ денеска го започна собранискиот бојкот, односно на денешната седница гласаше против предлог-законите на Владата да бидат ствени на дневен ред за донесување по итна постапка, закони за кои е потребно бандетеровото мнозинство. Станува збор за измени на законот за култура, за филмски фонд и за земјоделство.
Знаете што се случи денеска, ова е прв пат етничките Македонци да ја водат државата кон промена на Уставот, ова веќе не е барање на Албанците, ова денеска е одлука на пратениците Македонци, и ние сме подготевни за долгата предизвичкувачка и политички атрактивна битка.

Пратениците на ДУИ, ДПА и НДП побараа од претседателот на Собранието Трајко Велјановски да го тргне од дневен ред предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за бранителите, но нивното барање не беше усвоено затоа што беше надгласано од останатите македонски пратеници. ДПА во знак на протест побараа и едночасовна пауза.

Ермира Мехмети од ДУИ најави дека ќе гласаат против законот и предложениот дневен ред, а од собраниската говорница порача дека нивната партија има и маратонци и спринтери подготвени долго да говорат.
Ермира Мехмети.

Ермира Мехмети.


„ Знаете што се случи денеска, ова е прв пат етничките Македонци да ја водат државата кон промена на Уставот, ова веќе не е барање на Албанците, ова денеска е одлука на пратениците Македонци, и ние сме подготевни за долгата предизвичкувачка и политички атрактивна битка.“

ДУИ денеска говорат за гласање, не говорат за спречување за блокирање, за превенирање, не говорат за напуштање на владата, денеска ДУИ говори за парламентрана битка со што констатираме дека владината битка веќе е изгубена.
Имер Алиу од ДПА побара од ДУИ да излезе од Владата за да докаже дека е против законот за бранителите.

„ ДУИ денеска говорат за гласање, не говорат за спречување за блокирање, за превенирање, не говорат за напуштање на владата, денеска ДУИ говори за парламентрана битка со што констатираме дека владината битка веќе е изгубена.“

Тој додава дека со ставањето на предлог законот на дневен ред во собранието се нарушува деловникот затоа што пратениците ќе треба да разгледуваат некомплетен предлог закон во кој недостасуваат информациите за парите, односно колку пари од буџетот се потребни за спроведување на еден таков закон.

Според пресметките на Изет Зеќири од НДП, овој предлог закон ќе го чини буџетот 340 милиони евра.

Поради денешната 40-та седница во Собранието беше одложена и собрансиката комисија на труд и социјална политика на која требаше да продолжи расправата за законот за бранители.

Законот за бранители денеска е поместен и е ставен како 31 точка на ред, но неговото разгледување според деловникот на Собранието, законот не треба да се разгледува на седница додека не заврши процедурата во надлежните комисии.

Законот за бранители го предлага пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршка даде и опозицискиот СДСМ, додека партиите на Албанците во Парламентот се против, со образложение дека тој е антиалбански, дискриминаторски, како и дека е штетен за мултиетничкиот живот и евроатлантската иднина на Македонија.
ДУИ уште минатата недела најави ќе се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на законот со сите административни, процедурални и технички средства, односно да држат долги говори, да бараат постојано паузи и координации со цел пролонгирање на разгледувањето на законот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG