Достапни линкови

Руинираните објекти закана за граѓаните


И покрај бројните реакции на граѓаните во Дебар кои живеат во близина на руинирани објекти, досега надлежните институции немаат превземено ништо во насока на надминување на проблемот и расчистување на објектите кои се во фаза на уривање.

Во Дебар има над дваесетина руинирани објекти и истите преставуваат голема опасност за безбедноста на граѓаните. Таквите објекти ги има како во периферните делови од градот така и во неговите централни делови, каде што фрекфенцијата на граѓани е голема.
Инспекторите по комуналии и градежни работи на теренот ги имаат преземено сите мерки. Таму каде што објектите се приватни, нивна е обврска да ги расчистат урнатините од објектите, со што ќе се расчистат и улиците, а нема да има ниту опасност по безбедноста на граѓаните.

И покрај бројните реакции, граѓаните особено на оние кои живеат во близина на таквите руинирани објекти, досега надлежните институции немаат превземено ништо во насока на надминување на проблемот и расчистување на објектите кои се во фаза на уривање.
Рунинирана стара куќа.

Рунинирана стара куќа.


„Инспекторите по комуналии и градежни работи на теренот ги имаат преземено сите мерки. Таму каде што објектите се приватни, нивна е обврска да ги расчистат урнатините од објектите, со што ќе се расчистат и улиците, а нема да има ниту опасност по безбедноста на граѓаните“, истанува градоначникот на Дебар Аргетим Фида.

Според него проблеми има и во однос на започнатото уривање на објекти кои се под заштита на законот. Тие се руинирани и се голема опасност за граѓаните, вели Фида.

„Особено многу проблеми имаме со руинираните објекти кои се под заштита, а врз нив нема право општината да ги прогласи за објекти кои се опасни по безбедноста на граѓаните. Тие со новите законски прописи се под целосна надлежност на еден Инспекторат при Министерството за транспорт и врски. Најнов пример имаме со проблемите кои ги создава уривањето на објектот на теќето во Дебар. Тој објект е во фаза на уривање, а се наоѓа во близина на градскиот пазар каде што фрекфенцијата на граѓани е голема. И покрај тоа што проектот за реконструкција е готов и сопствениците на објектот бараат самите да ја извршат реконструкцијата сепак нема дозвола од наведениот Инспекторат. Ако и оваа зима овој руиниран објект не се реконструира, можно е целиот објект да пропадне, што е жално за нас. Јасно, објектот во уривање е опасен и за минувачите.“

Во изминатите години беа регистрирани и случаи кога од уривањето на делови на руинираните објекти имаше и повредени граѓани .
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG