Достапни линкови

Од полноќ, мало поевтинување на нафтените деривати


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, а дизелот за еден денар. Се намалува и малопродажната цена на мазутот.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 113,959 долари за барел и е за 1,31 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели е за 1,25 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.
XS
SM
MD
LG