Достапни линкови

Советот на Европа бара Украина да спроведе фер избори


Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, ги повика властите во Киев да спроведат слободни и фер парламентарни избори. Изборите се закажани за октомври. Тој рече дека меѓународната заедница внимателно ќе ги следи изборите и тие ќе имаат улога во оформувањето на сликата за Украина.
Јагланд рече дека останува проблем тоа што поранешниот премиер Јулија Тимошенко е во затовор. Говорејќи на конференцијата за односите меѓу Украина и ЕУ, Јагланд рече дека ако Украина не ги спроведе демократските реформи, ризикува „меѓународна изолација.“
Тој го критикуваше украинскиот судски систем за долгото траење на мерката притвор, за одолговлекувањето на граѓанските и кривичните постапки и за тоа што не се исполнуваат судските наредби.
XS
SM
MD
LG