Достапни линкови

Експлозија на пазар во Пакистан, 10 жртви


Најмалку 10 луѓе загинале, а 20 се повредени во експлозија на автомобил бомба на пазар во северозападниот дел на Пакистан. Експлозијата се случила во Кашмир Базар во Парачинар, главниот град на Курам, еден од седумте племенски области. Здравствените власти потврдија дека загинале 10 луѓе, но велат дека таа бројка може да се зголеми, бидејќи многу од повредените се во критична состојба. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG