Достапни линкови

ОН загрижени за страдањето на цивилите во Сирија


Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пијал.

Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пијал.

Комесарот за човекови права на ОН, Нави Пијал го отвори состанокот на Советот за човекови права во Женева, велејќи дека е сериознo загрижена за страдењето на цивилите во Сирија. Таа изјави дека сириската влада користи тешко оружје во области каде живее цивилно население и дека спроведуваат убиства без да им се суди на луѓето, а сето тоа може да доведе до воени злосторства и злосторства против човештвото.
Пилај се пожали дека условите за продолжување на мандатот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија не се исполнија и затоа таа заврши на 19 август.

Таа ја изрази својата целосна поддршка за новоименуваниот заеднички специјален претставник Лакдар Брахими за неговите напори да посредува во разговорите во Сирија.

Пилај, исто така, ги повтори повиците до меѓународната заедница да „ги надминат поделбите и да работат да се стави крај на насилството и на кршењето на човековите права“ во Сирија.
XS
SM
MD
LG