Достапни линкови

logo-print

Курдски интелектуалци бараат назависност во Иран


Група на курдски интелектуалци објавија соопштение во кое повикуваат на референдум за курдска независност во Иран. Потписниците на изјавата, десетици курдски активисти, новинари и академици кои живеат во егзил, велат дека животот на Курдите во Иран стана „невозможен“, затоа што продолжува репресијата против нив. Изјавата доаѓа откако неколку курдски партии во Иран, неодамна потпиша договор за одржување на референдум за независност.
Иранските законодавци се противат на потегот, велејќи дека таков референдум може да доведе до распад на иранската држава. Курдската заедница во Иран брои меѓу 6 и 7 милиони луѓе, кои се жалат дека не уживаат еднаквост.
XS
SM
MD
LG