Достапни линкови

Ромпуј: Црна Гора членка на ЕУ, по Хрватска


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави денеска по средбата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ дека Црна Гора по Хрватска ќе биде следна членка на Европската унија. Ромпуј и Вујановиќ се сретнаа во Сараево, каде што учествуваат на Меѓународната конференција за мир. Ромпуј оцени дека брзото добивање статус кандидат за членство и отварањето на прегововорите се доказ дека Унијата е отворена за пристапување на Црна Гора и подготвена да ги цени индивидуалните достигнувања на секоја држава во постигнувањето на европските стандарди.
XS
SM
MD
LG