Достапни линкови

logo-print

Москва: НАТО не учи од лекциите во минатото


Александар Лукашевич

Александар Лукашевич

Портпаролот на руското министерство за надворшени работи Александар Лукашевич денеска во Москва изјави дека НАТО не извлекло поуки од неодамнешните настани во јужен Кавказ. Ова е реакција на изјавата на генералниот секретар Андерс Фог Расмусен за време на посетата на Тбилиси во минатата недела дека идниот дом на Грузија е НАТО. Лукашевич оцени дека ваквите изјави покажуваат оти Алијансата се уште не ги научи лекциите од трагичните настани во 2008 година и продолжува да испраќа охрабрувачки сигнали за Грузија. По кратката војна меѓу Русија и Грузија, Москва ги призна како независни грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија.
XS
SM
MD
LG