Достапни линкови

Ваши коментари - Интерес за штрајкот во здравството


Клинички центар.

Клинички центар.

Штрајкот на лекарите во Клиничкиот центар предизвикува интерес кај читателите на нашата интернет страница.

Телевизиските интервјуа на Радио Слободна Европа на македонски јазик секогаш предизвикуваат внимание. Неделното, со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, е второ на нашата листа на најгледани видео-прилози, а добило и коментари. Различни, се разбира: Миле од Охрид ја користи слободата на пишување и испраќање пораки за да да ги изнесе своите познати ставови дека против Македонија се стегал обрачот да го променела своето уставно име и дека целата меѓународна заедница ковала заговор против неа(?!), а Иле од Битола му се лути на премиерот Груевски што, за да остане на власт, ја продал и запустил Македонија. „Ваков предавник како Груевски ниту имало ниту ќе има“ - заклучува Иле.
Вашиот експеримент е во спротивност со колективниот договор и ќе го банкротира здравството, затоа што сите доктори со намалена плата ќе тужат и ќе добијат на суд и тоа со камати.

Во врска со нашата информација за планираниот генерален штрајк на Клинички во Скопје, Лазар од Куманово смета дека таа е на ниво на новинарски шпекулации и рекла-казала, како што пишува и дека информацијата била далеку од вистината и реалноста.
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.

Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци за македонските болници.


Има коментари и на втората информација за штрајкот на некои клиники најавен за 24 септември: Жарко Тодоров од Скојпе смета дека министерот имал добра замисла да се наградува според учинокот, со што требало да се дободува и операцијата, зашто не било исто операција на слепо црево и на кичма, кога било прашање успешна операција или крај. Досега беше социјалистички, пишува Жарко, па ја цитира српската поговорка: „Работел, не работел - радио ти свири“ и го поттикнува министерот да продолжел со суштински промени. Но Ивко, исто така од Скопје, обраќајќи му се директно на министерот за здравство, пишува: „Вашиот експеримент е во спротивност со колективниот договор и ќе го банкротира здравството, затоа што сите доктори со намалена плата ќе тужат и ќе добијат на суд и тоа со камати, па потсетува на случајот со дежурствата, кога во периодот помеѓу 1994 и 2000 година на исплаќање на тужби отишле над 500 милиони, како што наведува Ивко.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG