Достапни линкови

logo-print

Вукчевиќ - Србија има сведок за шверцот со човечки органи на Косово


Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ рече дека обвинителството има сведок кој учествувал во трговијата со човечки органи за време на судирите на Косово во текот на деведесетите години. Тој изјави дека сведокот, етнички Албанец, учествувал во судирите и во самите операции за вадење органи. Сведокот објаснил и како извадените органи се транспортирале до аеродромот во Тирана.

Европската унија започна истрага за шверцот со органи, но Косово и Албанија негираат дека имало такво нешто на нивна територија.

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај изјави дека извештајот на српското обвинителство за случајот со трговија со органи е обид да се фрли сенка на денешната прослава по повод завршувањето на надгледуваната независност на Косово.
XS
SM
MD
LG