Достапни линкови

Престанува надгледуваната независност на Косово


Италијански мировници во Косово на церемонијата за промена на командата на КФОР во Приштина на 7 септември 2012 година.

Италијански мировници во Косово на церемонијата за промена на командата на КФОР во Приштина на 7 септември 2012 година.

Меѓународната управувачка група денеска треба официјално да ја прогласи одлуката за престанување на надгледуваната независност на Косово. На посебна седница во Приштина ќе биде прогласен крајот на мандатот на Меѓународната управувачка група и Меѓународната цивилна канцеларија кои имаа задача да ја надгледуваат независноста на Косово.

По седницата е планирано на медиумите да им се обрати шефот на Меѓународната цивилна канцеларија Питер Фејт и премиерот на Косово Хашим Тачи. Во посета на Косово денеска е и заменик помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер кој ќе има средба со косовските власти и ќе учествува на состанокот на Меѓународната управувачка група.

Меѓународната цивилна канцеларија на Косово ќе се затвори, но во земјата останува цивилната мисија на ЕУЛЕКС со 3.000 службеници и КФОР со 5.600 војници.
XS
SM
MD
LG