Достапни линкови

Грчките лидери без договор за штедењето


Лидерите на ПАСОК и на Нова демократија, Евангелос Венизелос и Андонис Самарас.

Лидерите на ПАСОК и на Нова демократија, Евангелос Венизелос и Андонис Самарас.

Властите во Грција не успеаја да се договорат за пакетот мерки за штедење, тежок 11,5 милијарди евра. Лидерите на трите партии во владејачката коалиција не се сложија околу намалувањето на сите плати и пензии, а лидерот на социјалистите Евангелос Венизелос и на левицата Фотис Кувелис инсистираат „тројката“ кредитори да и овозможат на Грција уште време за спроведување на мерките за штедење. Лидерите се договориле состанокот да го продолжат в среда.

Меѓународните кредитори од ЕУ, ММФ и Европската централна банка се во Грција од петокот за да утврдат дали владата има направено доволно за да може да обезбедат нова транша од помошта. Тие денеска треба да се состанат со премиерот Андонис Самарас.
XS
SM
MD
LG