Достапни линкови

Бомбашки напад во Алепо - најмалку 17 загинати


Алепо.

Алепо.

Најмалку 17 луѓе загинале, а 40 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Алепо, јавија државните медиуми. На сириската државна телевизија беше објавена видео снимка на која се гледаат противпожарни камиони како се обидуваат да го изгаснат пожарот и како работниците копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

Ниту една организација досега не ја презеде одговорноста за нападот. Официјалната новинска агенција САНА ги обвини бунтовниците.

Борбата за Алепо, град во кој живеат 3 милиони жители, е од значење за двете страни, и за режимот на претседателот Башар ал Асад и за опозицијата.
XS
SM
MD
LG