Достапни линкови

Патријархот Кирил - Руската црква е под закана од „богохулие и гнев“


Актери ја реконструираат Битката кај Бородино, на 200-годишнината од прославата на руската победа против Наполеон.

Актери ја реконструираат Битката кај Бородино, на 200-годишнината од прославата на руската победа против Наполеон.

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил вели дека црквата и нејзините вредности се под напад од оние кои се плашат од нејзиното постсоветско заживување. Тој зборуваше во главната московска црква Христос Спасителот за време на комеморацијата за битката во Бородино во 1812 година. Патријархот Кирил рече дека битката против Наполеон пред 200 години била лекција за денешна Русија, која, според него, е под закана од „богохулие и гнев“.

Тој не ги спомена членките на руската панк група Пуси рајот кои се осудени на две години затвор поради тоа што ја изведоа нивната „антипутин молитва“ токму во катедралата на Христос спасителот во Москва. По пресудата против членките на Пуси рајот на 17 август, која за многумина е престрога, хулигани во Русија и Украина исекоа неколку дрвени крстови во знак на протест.
XS
SM
MD
LG